На Клиниката за детски болести има заболена медицинска сестра од коронавирусот, потврди на онлај прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.
Тој појасни дека станува збор за вработена на одделението за онкологија на оваа клиника и најави целосен скрининг, на сите кои се сместени на ова одделение, како и на вработениот персонал.
Филипче: Радува фактот што имаме нови и нови излекувани пациенти, денеска вкупно 18
Радува фактот што секојдневно имаме нови и нови излекувани пациенти. Денеска вкупно 18, од кои 13 на болничко и пет кои се лекуваа во домашни услови. Со ова бројот на излекувани пациенти во нашата земја е 139, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Во изминатите 24 часа, посочи дека, имаме 36 нови случаи и за жал тројца нови починати.
„Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 1117, односно 929 активни случаи. Во изминатите 24 часа направени се 437 теста и со тоа од почеток на епидемијата направени се вкупно 10.859 тестирања. Со оваа бројка сме на второ место во регионот по бројот на направени тестови на милиони жители“, изјави Филипче.
Најави дека од следната недела ќе се стават во функција уште две лаборатории во МАНУ и Институтот за судска медицина.
Информираше дека имал разговор со францускорт амбасадот Кристојан Тимоние, за поддршка во вредност од пет илјади евра на Гениколошкп-акушерската клиника преку организацијата „Проект Хоуп“ – како маски, заштитна облека и обувки.
Нагласи дека имал и видео разговор со американската амбасадорка Кејт Мери Брнс, како и состанок организиран од СЗО. Информираше дека биле разменети мислења и ставови за тоа како се поставени здравствените системи и какви се плановите за понатаму.