fbpx
8 C
Skopje

Зад оваа фотографија стои приказна која ќе ве расплаче: Болна прегратка меѓу ќерка и татко кој заминува зад решетки

АКТУЕЛНО

Станува збор за Босанецот Фикрет Дедиќ, кој оди на отслужување зад решетки, зашто исекол три кубика дрва од државна шума.

На социјалните мрежи се шири објава со фотографија на која се гледаат прегрнати татко и неговата ќерка. Во објавата на Фејсбук пишува дека причина за оваа фотографијата е разделбата со ќерката поради тоа што нејзиниот татко морал да се соочи со правдата.

Неговата сопруга Рамиза вели дека тој сечел дрва во шумата зашто немаат пари, а треба да се згрее скромниот дом, каде живеат со три деца. Таа вели дека по објавувањето на фотографијата на Фејсбук , почнале да доаѓаат хумани луѓе за да им нудат помош.

Ниту Фикрет, ниту Рамиза немаат работа, работат само сезонски за да го прехранат семејството. Неговиот пријател во објавата на Фејсбук објави дека Фикрет не сакал да краде од продавница или од луѓе, туку отишол во државна шума, ги исекол дрвата и ги пренел до дома на грб.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -