Како што ви е веќе познато Оскан Дениз го глуми Фарук од хит серијата Истанбулската невеста. Оскан е роден во Анкара на 19ти Мај 1972 година. Најпрво се прославил како музичар, а малку подоцна се испробал и како актер во повеќе познати турски серии.




Дениз зад себе има два неуспешни брака. Во првиот брак бил женет со Хандан Дениз. Тие во брак биле 10 години, од 1992 до 2002 година
Во вториот брак беше оженет со познатата турска актерка и манекенка Фејзе Актан. Овој пат актерот во брак беше само 15 месеци. Двојката заедно има едно дете, синот Кузеј, кој сега има една годинка.
Богатството на Оскан оваа година е проценето на 5 милиони долари. Неговата заработка се должи на неговите настапи и турнеи низ светот. Но, тој исто така заработува и од улогите кои последниве години ги добива како главен лик во повеќето познати турски серии.




Турската хит серија “Истанбулската невеста“ која руши рекорди на гледаност во нашата земја, е снимена според вистински настан. Иако серијата започнува кога истанбулската невеста Суреја доаѓа во Истанбул и се мажи за познат богат Турски бизнисмен Фарук, почетокот на оваа приказна започнува многу порано.
Името на вистинската Истанбулска невеста е Улку Уст (Ülkü Üst Sarpkan). Улку е родена во 1955 година, а Суреја не и било вистинското име, туку Улку Уст.
Улку Уст се запишала во средно училиште во Истанбул, но таа не можела да ја потисне својата страст кон музиката, па многу брзо го напушта училиштето и се зачленува во Музичкото здружение “Румели“ каде што зема часови од познати музички звезди. Таа мора да работи за да преживее, па се вработила како продавачка во една мала локална продавничка за облека.




Среќата и се насмевнува кога главниот солист на групата “Бели цветови“ се жени и ја напушта групата, па таа станува главен вокал и солист на групата. Тогаш започнува периодот кој го менува целиот нејзин живот. Концерти, турнеи и настапи.
Приказната за познатата “Истанбулска невеста“ започнува кога таа ќе го сретне младиот и згоден Аљем Шарпкан (Alijem Sarpkanom) кој потекнува од една од најбогатите и најпонзатите фамилии од Бурса кој дошол да ја слуша на нејзиниот концерт. Тој дури после пет години успеал да ја убеди да се омажи за него.
Уклу денес се занимава со мода. Има свој бутик за венчаници и свечени фустани. Со Аљем има две деца, иако во 2007 година одлучуваат да живеат одвоено после цели 25 години брак