21 C
Skopje

Задолжителен негативен тест за Ковид-19 за авионските пристигнувања во Грција од Романија и Бугарија

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

– Од вторник 28 јули сите оние кои во Грција ќе пристигнат авионски од Бугарија и Романија, задолжително ќе биде да имаат негативен молекуларен тест за Ковид-19, направен до 72 часа пред патувањето, соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката е донесена „врз основа на анализа на епидемиолошките податоци“ и е во сила до 4 август 2020 година, а не важи за грчките државјани, за оние кои имаат грчка дозвола за престој и за оние кои патуваат од есенцијални причини.

Иако на граничниот премин Промахонас (Кулата) на влезот во Грција од Бугарија веќе е задолжителен негативен тест за Ковид-19, за патниците од летовите од Бугарија и Романија немаше никакви ограничувања при пристигнувањата на грчките аеродроми. Нешто што од вторник ќе се промени.

Паралелно и понатаму е во сила обврската, сите патници, да го имаат пополнето формуларот Passenger Locator Form (PLF) 24 часа пред нивното пристигнување во Грција. ср/ссм/

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Македонците може да заборават на одморот во Грција: Државата донесе нова одлука

Во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји, ако произлезе такво нешто одново ќе го разгледаме, рече портпаролот на грчката...
- Advertisement -