17.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

Заев: Ако не успее референдумот, ќе си дадам оставка

Да, ќе заминам ако не успее референдумот во Македонија, но толку сум сигурен дека тој ќе успее. Очекувам сериозни проценти 75-85 насто, согласно колкави се процентите на граѓани кои се изјасниле дека се за ЕУ и НАТО. Вака премиерот Заев одговори на прашања од граѓани до 1ТВ за тоа дали ќе си поднесе оставка ако не успее референдумот за името.

-Граѓаните немаат што да бираат, немаат друга алтернатива. Тие само треба да потврдат дека сакаат Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО – рече Заев.

Премиерот рече дека сеуште не размислувале за референдумското прашање, но тоа ќе биде поврзано со ЕУ и НАТО и секако со одлуката за името.

На прашањето на наш гледач дали мисли да ги врати квалитетните кадри во администрацијата посебно во делот на ЕУ проекти кои ги избркала ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека секој ден течат конкурси од институциите.

-Ние не штедиме пари за квалитетен кадар. Прв пат институциите бараат кадар, не по тефтерчиења од партии. Тоа е исправниот чекор за Макеоднија. Ние сакаме да ги вратиме сите. Тие што знаат да прават европски проекти бегаат од админстрацијата – не сакаат да работат за 500 евра плата, работат како консултанти за 1.500 евра – рече премиерот во емисијата на 1ТВ „Уреднички брифинг“.

1тв.мк

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -