fbpx
14.8 C
Skopje

Заев: Договорот ќе носи придобивки за Македонија и Грција

АКТУЕЛНО

На неколку часови пред официјализирање на договорот за спорот за името во Преспа, премиерот Зоран Заев смета дека тој носи придобивки за Македонија и Грција.

Ова го изјави за време на средбата со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, која е во дводневна посета на Македонија, вчера во Струмица, денеска во Скопје.

Захариева на прашање на Канал 5 денеска вели дека нема да присуствува во Мала Преспа. За Бугарија, вели Захариева е прифатлив предлогот „Република Северна Македонија“ и соседот и понатаму ќе и дава на земјава поддршка. Захариева уверена е дека Македонија конечно ќе може да почне преговори за членство во Европската Унија, а потоа да добие и покана за влез во НАТО. Вели, македонскиот народ не засклужува уште да чека преговори за членство.

Навистина повеќе нема време и ја сум уверена дека по потпишувањето на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција утре од страна на двајцата министри за надворешни работи, во присуство на двајцата премиери, со присуство на комесарот Хан и комесарот Могерини на 26 јуни на Советот на ЕУ, со кој претседавам јас, Македонија ќе добие зелено светло за членството.

Досегашниот став на претседателот Ѓорѓе Иванов покажува дека не го поддржува договорот меѓу Македонија и Грција. Позициите на опозицијата ВМРО ДПМНЕ наидуваат дека договорот нема да пројде во Собрание, поради потребата од двотретинско мнозинство. Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров клучна улога ја гледа во референдумот, им упати порака на пратениците и вели дека не одговара не хипотетички прашања.

„Ако граѓаните решат, ваква Македонија сакаме, сакаме отворени врати кон ЕУ, сакаме да влеземе во НАТО, мислам дека нема поголема патриотска должност од отстранување на проблем што прави проблем на државноста долгорочно и Собранието и Претседателот, со сета почит за различните ставови, ако граѓаните речат ДА, ќе мора и тие да кажат ДА. Една од првите лекции што ги научив кога зборувам со медиум е да не одговарам на хипотетички прашања што почнуваат што доколку или со ако“, вели Димитров за договорот меѓу Македонија и Грција.

Договорот утре ќе биде потпишан на грчка страна, а централната манифестација ќе биде на македонската од Преспа. Интересно е што утре медијаторот за спорот со името од Обединетите Нации Метрју Нимиц, полни 79 години.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -