Ние на 1 јануари не влеговме со 4 милијарди. Денес нема потрошувачка, сите се дома повлечени. Како тоа паѓа, вие треба да обезбедите пари, плати, пензии и слично. Ако ова е паднато, вие немате пари. Суштината е дека обезбедуваме пари од надвор. Граѓаните треба да го знаат тоа. Тоа носи девизна стабилност. Повлекуваме максимум колку што треба и еве танцуваме, ги одржуваме основните функции на државата. Мораме да имаме редовен трансфер на пари за армија, полиција, здравство, мораме да помогнеме за да може системот да функционира, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Приходите се паднати, стратегијата е да се повлечат кредити од надвор а тоа носи девизна стабилност. Сите сакаме кризата да заврши крај на мај, но никој не може да знае дали таа ќе продолжи и по мај.
Имаме здрав финансиски систем. Сите мерки се искординирани. Ликвидноста мора да ја одржиме дома. Мора да мислиме што во јуни, што во септември, што до крајот на годината. Затоа ние сме овде, за граѓаните.
Секоја компанија што е погодена од кризата, микро, мала, средна, голема, добива 14.500 по работник за април и мај месец. Ако има 100 вработени има милион и 450 илјади за април и исто за мај месец. Државата мора да ги обезбеди основните функции. При ваквото помагање, од мали дуќанчиња до сите други имаат пристап до овие средства. Ние трошиме јавни пари, мора да биде правично. Има луѓе кои се останати без работа, ние мораме да водиме грижа и за нив. Ова го правиме рамноправно за сите, додаде тој.
Имаме фирми кои работат преку заштитни друштва, има некои кои работат на пола работно време. Кога се аплицира мора да се работи правично. Ако работеле пола работно време, ќе добијат пола, ако работеле полно работно време ќе добијат целосно, одговори првиот човек на СДСМ на новинарско прашање што ќе се случи со оние вработени кои работат по ресторани како келнери и слично.