fbpx
4 C
Skopje

Заев го оддржа зборот: Владата даде насоки, дивоградбата кај Мавровка ќе се уривa

АКТУЕЛНО

Јоци: Каде е бранковото крило кое три години тртља по кафани?

И каде е ,,бранковото крило" кое три години тртља по кафани? Лешпери. Бар еден да се пријавеше за ,,уметнички дојам". Не, вие не сакате силно...

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...

Владата на својата прва седница одржана денеска даде насоки за уривање на дивоградбата кај „Мавровка“, информираше премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

„Владата донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребната механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ ‘Мавровка’, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства“, пишува премиерот Зоран Заев.

Како што посочува премиерот, во рамките на оваа одлука, Владата им препорачува на Општина Чаир и на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.

По исполнување на обврските од договорот, Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, во рок од 7 дена, се задолжени да подготват и до Владата да достават соодветна Информација за извршување на обврските од одлуката.

За градителот на дивоградбата, МВР денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

Банките можат да овозможат втор период на одложена отплата на кредитните обврски

Имајќи ги предвид продолжените ефекти од ковид-кризатa, Народната банка одржа неколку состаноци со претставници на Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со втор период на одложена отплата на обврските на клиентите по основ на кредит.

По завршување на анализите и по неколку одржани состаноци со претставници на МБА, ја известуваме јавноста:

· Со регулаторните измени коишто ги донесе Советот на Народната банка, предвидено е дека банките можат на своите клиенти да им понудат и втора поволна промена на договорните услови за кредитните производи. Целта е да се помогне на оние клиенти кои се негативно погодени од пандемијата на ковид-19.

· Условите и начинот на промена на договорните услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит треба да го дефинираат банките. Се очекува во своите понуди, банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да се помогне на клиентите кои се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите коишто имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје.

· Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од ковид-кризата може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

Регулаторната можност банките на своите клиенти да им понудат и втора промена на договорните услови за кредитни производи треба да придонесе за натамошна поддршка на економијата во целина, во справувањето со предизвиците наметнати од ковид-кризата.

Народната банка постојано ги следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, како и нивните ефекти врз домашната економија и доколку биде потребно, подготвена е соодветно да ги приспособува политиките и навремено да реагира со натамошни мерки, во согласност со своите надлежности.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Јоци: Каде е бранковото крило кое три години тртља по кафани?

И каде е ,,бранковото крило" кое три години тртља по кафани? Лешпери. Бар еден да се пријавеше за ,,уметнички дојам". Не, вие не сакате силно...

Автомобил возеше во спротивна насока на скопска обиколница

Често на социјалните мрежи може да се видат видеа од дивеење со автомобили или мотори, а едно такво беше објавено и денеска. На социјалните мрежи...

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...
- Advertisement -