21 C
Skopje

Заев и Мицкоски на МТВ – договорите со Бугарија и Грција (поенти од ТВ дуелот)

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

За првпат македонскиот јазик е напишан како македонски јазик, македонци, македонски народ. На небото ли да ви напишат македонски? Вие се радувате некој да не кочи. Никој нема да не кочи, пријатели изградивме. Борисов дојде овде во Скопје и зборуваше за македонски народ. Пред него молчите кротко, господине премиер само повторувате. Вие викате што е дадено е, професорката Гордана Силјановска Давкова вели ќе го поништува Договорот. Кажете конкретно – ќе ги поништите договорите со Грција и Бугарија или не? – рече Заев на ТВ дуелот со Мицкоски.

Јас држам константа, тоа што сум го кажал за Македонецот Гоце Делчев нема да се помести ниту милиметар. Оваа држава има свои јунаци врз основа на кои постои. Ние не можеме да кажеме дека тие јунаци не се Македонци. Ние нема да преговараме дека Гоце Делчев бил нешто друго, освен Македонец. Никој не спори дека ние треба да разговараме и да имаме добар однос со нашите соседи, во делот на културата, образованието, економијата, енергетиката, одговори Мицкоски зборувајќи на темата за договорите со Грција и Бугарија.

Вие им кажувате на граѓаните дека ќе ги поништи договорите, повторно ќе не скара со соседите. Ништо не сме изгубиле, ниту македонски народ, ниту македонски јазик. Ќе го потврдиме Гоце Делчев како македонец, како човек кој гледал на светот како културен натпревар на народите, се надоврза Заев и притоа истакна дека сето друго е враќање на државата назад.

Мицкоски: Не можеме да зборуваме за напредок. Донесовте срам, имаме срам кога се шетаме низ Брисел. Не само што не успеавте да понудите добар договор туку ја избришавте сета таа жртва на генерација.

– Господине Мицкоски потврдете пред граѓаните дали ќе го поништите Договорот, повторно праша Заев по што Мицкоски одговори: Господине Заев го знаете мојот став за овие прашања.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Делчевските пожарникари безбедно симнаа маче од кров

Успешно заврши интервенцијата на Територијалната противпожарна единица од Делчево која денес симна маченце кое два дена било качено на кров и неможело да се...

Заев со порака до Ахмети: Треба да се има бројки за премиер

По конститутивната седница во македонското собрание свое обраќање до јавноста имаше претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој на денешната пресконференција рече дека ќе ги...
- Advertisement -