Претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција потврди дека избори ќе има на 5 јули.
-Токму заради заштита на здравјето на граѓаните, изборите се решение, а датумот е завршена работа. тие ќе се случат на 5 јули за функционално Собрание и политичка влада. Проблемите кои ги предизвиква Чулев може да се решат само со избори. Опозицијата е настроена деструктивно и гледа само да заработи политички поен. Изборите остануваат онака како што е пропишано со уставот и законите, на 5 јули 22 дена по завршување на најновата вонредна состојба. Да останеме посветени на здравјето и унапредвање на економската состојба во земјата.
Некаде пред одлуката за вонредна состојба беше последниот обид да постигнеме договор со Мицкоски, за жал не успеавме. Едно е јасно – не постои никаков уставен или законски момент кој може да го фатиме и на основа на тоа да одлучиме и да го свикаме Собранието.
Спасовски сабајле правеше тестирање, а резултатот ќе биде јасно објавен, одговори лидерот на СДСМ во врска со новинарско прашање за лицата кои биле во контакт со Зекири и Лукаревска.