Чулев кажа. Не, нема да ги казнуваме граѓаните. Казните постојат за да ги почитуваме одлуките. Ако калкулирате само поради партиски интерес треба тоа да се каже. Ако државата е пред се, ако здравјето е пред се, тогаш соодветно треба да се поставите. Јас побарав оставка од Чулев бидејќи има грешки. Или постапуваме, или не постапуваме. Час поскоро да се оди на избори, да се воспостават институции кои ќе имаат полна одговорност, а не политичко препукување. Ние 5 месеци немаме Собрание, шест месеци сме со техничка Влада, рече Заев во вечерашното гостување на ТВ21 во емисијата Click Plus одговарајќи на прашање за техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.
Во однос на разговорот со Вархеј, првиот човек на СДСМ рече:
Европската унија зема кредит за да ни даде 160 милиони евра евтин кредит. Се заблагодаривме за тоа бидејќи ние сме дел од Европа и редот е да се заблагодариме за тоа. Разговаравме како пријатели. Ја претставивме сликата во нашата земја. Ние сме можеби единствена земја без Собрание, а која се справува со една ваква тешка пандемија. Се собравме кај претседателот Пендаровски. Договоривме 12 април. Заедно составивме техничка Влада, заедно го распуштивме Собранието, заедно ги одложивме изборите. Владата донесе уредба за одлагање на изборите до траење на вонредната состојба која беше пред се за економската поддршка на стопанството. Објаснив дека по Устав и закон чим завршува вонредна состојба продолжуваат изборните процеси. Може да нема вонредна состојба, а Владата повторно да носи рестриктивни мерки. Таа е само за уредбите со законска сила, за помош на невработените, за платежната картичка, за помош на компаниите. Третиот пакет е донесен, утре 28 илјади евра се пуштаат на банките за картичките кои треба да бидат дадени на граѓаните. Тогаш која би била причината за ново продолжување на вонредната состојба.
Претседателот на СДСМ рече дека 5 јули е законски определен датум на моменталната состојба.
Ако не се договорат политичките лидери за датумот, тогаш останува Уставот и законот. Два пати се собравме кај претседателот Пендаровски. Срамота е да се собереме и по трет пат ако нема можност за договор. Мицкоски побара средба, па побара уште една недела, па на крајот вика на 13 Септември да бидат изборите. Несериозното однесување не донесе до ваква состојба. Мицкоски бега од избори, но Уставот и законот е јасен. Денеска кога нема договор, останува Уставот и законот. Секој кој вели дека е можно одложување, тој лаже. Тука бегање нема, рече Заев.
Од несериозни луѓе имате несериозни ставови. Кога требаше да се носат одлуки за најстратешките цели, тие бегаа и бојкотираа. Денес пак тоа се случува, додаде тој.