fbpx
1 C
Skopje

Заев на фејсбук: Имаме аргументи зошто сме лидер во регионот во енергетиката

АКТУЕЛНО

Николовски со честитка за Богојавление: Да се обврземе на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и ресурси Љупчо Николовски по повод денешниот голем христијански празник упати честитка од православниот...

Kaракачнов со нова изјава: Самиот Бучковски има добра волја, но тие кои го праќаат кај нас немаат

Најнови вести поврзани со македонско бугарските односи Тој вели дека македонските власти три и пол години не направиле ништо и сега се надеваат на тоа...

Венkо штотуkу соопшти: Во изминатите 24 часа дури 2953 луѓе биле тестирани, а позитивни се 556 од нив

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 Починати се 22 лица, десет пацинети од Скопје...

Во последните 24 часа: 764 тестирања, регистрирани 100 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 47, Куманово 3, Дебар 12, Штип...

Заев на ФБ: Имаме аргументи зошто сме лидер во регионот во енергетиката

Идната година официјално ќе започне проектот за изградба на гасовод со Грција, најави премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил на кој ги набројува стратешките проекти што е планирано да се реализираат годинава.

Во енергетиката навистина имаме што да кажеме и имаме аргументи зошто сме лидер во регионот по ова прашање, пишува Заев во фејсбук статусот.
Нагласува дека гасоводот со Грција е клучен проект за енергетско – економски развој на земјава. Инвестицијата за интерконекторот со Грција e проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан. Во фаза на проектирање е и гасоводна врска со Косово.
Во делот на гасификацијата, посочува дека годинава ќе почне и изградбата на секундарната гасоводна мрежа во 10 градови во земјава, како и втората фаза од тендерската постапка за избор на приватен партнер за изградбата на дистрибутивната мрежа на природен гас во сите општини. Во трка се двете турски компании АКСА и ПАЛЕТ ИНСААТ, а инвестицијата е проценета на околу 300 милиони евра.
Продолжува и изградбата на магистралните гасоводи така што следната година треба да заврши кракот до Битола и до Тетово и Гостивар.
Меѓу проектите што ќе ја одбележат годинава, Заев ги споменува и двете фотоволтаични електрани од по 50 MW со проценета инвестиција е околу 60 милиони евра, како и можноста за изградба на гасна електрана на ТЕЦ Неготино доколку физибилити студијата покаже оправданост за вакво нешто. Во првиот квартал од годинава се најавува и нов тендер за дополнителни 60 MW фотонапонски електрани, инвестиција над 35 милиони евра. Во текот на годинава треба да започне и изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2 со кој ќе се зголеми инсталираната моќност на постојниот ветерен парк Богданци за 13.8 MW. Започнува и реализацијата и на нови ветерни паркови во Богданци, Св. Николе, Демир Капија и во Дебрца.

Во однос на „Чебрен“, премиерот вели дека конечно по 11 обиди на претходната власт, на тендерот се пристигнати повеќе понуди од кои 10 од големи компании од Европа и Кина.
– Сега продолжува следната фаза за проектот вреден меѓу 600 и 800 милиони евра и тоа само по себе ја покажува сериозната намера за успех, напиша Заев на Фејсбук.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Д-Р ЛАЗАРОВ РАСПАЛИ: СЕ ЗАЦРНИЈА ЦЕЛИ СЕМЕЈСТВА ЛУДАЦИ ЕДНИ, ЈЕАЛЕ ВЕ KАФАНИ

Се распадна општеството во скоро секој сегмент, економски колабираме, образованието е суспендирано а медицинарите се фрлени во оган веќе година дена без пауза, лек...

Kолку долго се чува свeтата вода: Еве што треба да направите со неа после Водици

Прочитај повеќе во продолжение За време на вчерашниот ден верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со старата света...

Нов силен земјотрес : Овој пат во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија. Според веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според...

Јапонски оперски пејач ја пее „Ако уmрам ил загинам“ (ВИДЕО)

Јапонски оперски пејач Казухиро Котецу кој неодамна ја испеа „Македонско девојче“, сега објави видео во кое ја пее „Ако умрам ил загинам“ од легендарниот...

Еве kако Трамп посакал да биде испратен од Белата куќа

Американскиот претседател во заминување Доналд Трамп ќе полета од Вашингтон четири часа пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Цо Бајден, соопшти Белата куќа. Трамп и...
- Advertisement -