fbpx
37.8 C
Skopje

Заев најави изградба на нов граничен премин кон Република Бугарија кај Берово

АКТУЕЛНО

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев во изјавата за медиумите рече дека договорот за добрососедство со Бугарија  ќе отвори нова ера на соработка меѓу Македонија и Бугарија во однос на патната инфраструктура, како и во размена на стоки и услуги.

-Трговската размена со Бугарија сега изнесува 500 до 600 милиони евра – зошто да не биде една милијарда?, рече Заев.

Премиерот додаде дека е договорено и да се работи на изградба на Коридор 8, но и да има нови гранични олеснувања, да се отвори нов премин кај Берово, како и заеднички да се работи на надминување на недобронамерната пропаганда. Двете земји ќе се борат против национализмот и говорот на омраза.

-Ова ќе биде успех на сите претходни влади, затоа што процесот е започнат уште во 2009 година. Оттогаш се одржани 10 заеднички комисии меѓу двете држави и сметаме дека е време да ги затвориме сите прашања од минатото. Го повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и останатите опозициски партии да дададат поддршка на нови односи кои ќе водат кон политика на пријателство и отварање на нови перспективи. Со потпишувањето на овој договор стануваме држава која решава проблеми, место држава која создаваше проблеми. Бугарија е земја која не поддржува без условување за името и така имаме сериозен партнер во евроинтеграцијата, потенцираше Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -