fbpx
21.8 C
Skopje

Заев најави предвремени парламентарни избори ако ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваат гласовите на граѓаните

АКТУЕЛНО

Референдумот е највисока демократска алатка на која одлучуваат тие кои одат да гласаат. Волјата на граѓаните е неприкосновена и мора да се почитува. Денеска имаме успех за демократијата и успех за европска Македонија, истакна премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата.

„Успехот е заеднички. Без разлика на организираниот бојкот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните го избрале европскиот пат за Македонија.

Гласот на граѓаните на овој консултутивен референдум треба да се претвори во политичка одлука во Законодавниот дом.

Ако навистина како што очекуваме сите имаме огромно мнозинство „За“, тогаш јасна е иднината. Очекувам пратениците на ВМРО да го почитуваат гласот на граѓаните, ако не ќе мора да употребиме друга демократска алатка – предвремени парламентарни избори веднаш – истакна Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -