fbpx
24.8 C
Skopje

Заев: Немам намера да се повлечам, ги повикувам пратениците да ги остават суетите настрана, да не си играме играчки со државата!

АКТУЕЛНО

Денес е важен ден за нашата држава, за нашите граѓани. Тие достоинствено гласаа и порачаа дека нашиот пат се во НАТО и во ЕУ. На овој референдум македонските граѓани ја покажаа својата демократска зрелост. Имаше многу дискусии на политичката сцена и конечно секој граѓанин донесе одлука, своја сопствена одлука.

Ова е прилика да им се заблагодарам на тие кои што гласаа „ЗА“ и на тие што гласаа „Против“ бидејќи тие преземаа одговорност. Конечно одлучија гласовите на тие што гласаа. Упатувам благодарност и до членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои излегоа да гласаат на референдумот по сопствена волја.

Денеска на референдумот гласаа повеќе од 650 илјади граѓани, од кои мнозинството избраа „ЗА“ по што одлучија дека Македонија треба да стане членка на НАТО и Европската Унија.

Европска Македонија доби повеќе гласови „ЗА“ од кој било победник на избори во независна Македонија. Дури и да имаше цензус, дури и да иамше еден милион и сто илјади гласачи ќе значеше јасна определба за Европска Македонија.

Народот направи многу важен избор, граѓаните кажаа големо „ЗА“ со кои се поддржа една визија и една цел за нашата земја. Сега кога имаме мнозинска изразена волја за Европска Македонија време е пратениците во Собранието на Македонија да го верификуваат гласот на мнозинството. Гласот е јасен повик сите политички партии да се приклучат кон процесот. Да се обединиме и да ја одведеме Македонија таму каде што припаѓа, во ЕУ и НАТО.

Знам јас, знае и опозицијата, подобар договор од овој нема и не може да има. Да не си играме играчки со Македонија. Упатувам покана до секој член на македонскиот парламент: Да ги оставиме партиските интереси на страна, сега е време кога заедништвото на политичките претставници е најпотребно за Македонија.

Почитувани пратеници, време е да испишеме историја заедно, време е да се одлучиме за европска Македонија, рече во своето обраќање премиерот Зоран Заев.

Првиот повик е најважен, да ги оставиме суетите настрана и конечно знаејќи дека не можеме да постигнеме подобар договор, од тој аспект реков да не си играме играчки, сега е времето кога мораме да направиме напори со пратениците во парламентот да имаме двотретинско мнозинство. Ако нема, тогаш мораме да ги фатиме роковите и веднаш да одиме на избори, додаде тој.

Златно време доаѓа за Македонија, за подобар економски стандард, за европските фондови, за подобар живот, затоа мораме да се посветиме и да тргнеме напред, рече Заев и притоа додаде дека нема да се повлече, напротив ќе го продолжи патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -