fbpx
38.8 C
Skopje

Заев од Грција со одлична вест: Ќе се вклучиме во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис

АКТУЕЛНО

Северна Македонија има интерес да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција, како нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа.

Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, која, истовремено, ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира пошироко во регионот и во земјите кои ќе покажат интерес.

Денес е Меѓународниот ден на демократијата.

Речиси три децении градиме демократски институции и вредности, постојано и внимателно, низ славења и премрежја.

Владеењето на правото, слободата и еднаквоста на сите граѓани, правото да се слушне и најтивкиот глас и да му се даде на значење во медиумското опкружување кое е слободно и разнолико, е основата врз која го градиме нашето општество.

Пред неколку години се соочивме со заробена држава, демократијата беше деградирана, а можноста да се учествува беше оставена на мала, привилегирана група луѓе.

Сега е поинаку, членка сме на НАТО, чекориме забрзано кон ЕУ. Политичките процеси се отворени за секого, транспарентни и инклузивни. Граѓаните повеќе не шепкаат туку говорат гласно.

Да не заборавиме колку е кревка демократијата и никогаш повторно да не се вратиме во мрачното минато. Заеднички имаме светла иднина. Одговорноста за тоа во каква држава живееме и ќе живееме е на сите нас. Да продолжиме напред, гласно и слободно, отворени кон светот!

Ви го честитам Меѓународниот ден на демократијата и ве повикувам заедно храбро напред, уште подобро и уште повеќе.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -