17.1 C
Skopje

Заев од Штип: Д-р Сашко Николов е џандар збира, вреди за сите 20 кандидати од листата на ВМРО-ДПМНЕ во трета изборна единица

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

United Group, сопственикот на Тотал ТВ, го презеде бугарскиот Vivacom

United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на...

Да одите дома да гледате дуелот во 8 и 15 со Мицкоски и да ви биде јасно кој ќе биде победник на 15 јули. Дуелот на МТВ во 20 часот и 15 минути, таму е целосното разобличување на се. Победуваме ние, победува македонскиот народ, победуваат сите граѓани на оваа наша убава земја бидејќи тоа е патот по кој треба да се движиме. Треба ли да ве потсетам на методите со кои се служеа. Тепаа студенти, тепаа стечајни работници, тепаа пратеници, ги тероризираа сите неистомисленици, апсеа луѓе кои се против нив, му го срушија објектот на Фијат, апсеа бремени жени, прислушкуваа 20.000 граѓани, инкасираа по 66 милиони од глоби и казни од фирмите, затвараа дуќани, рекетираа фирми и што ли уште не. Треба ли да ја додадам А1 телевизија затоа што објавиле на вести дека ништо не се гради таму каде што Груевски ставил камен темелник. Направија лустрација на наши граѓани, херои, го лустрираа Славко Јаневски, грандиозен лик, еден Томе Серафимовски и редица други. Тоа беше нивното владеење. Таа обновата, тоа враќање на режимот назад нема да се случи. Зоран Заев е живиот сведок на сите можни сценарија создадени во монструозниот ум на Груевски и неговиот ученик Христијан Мицкоски.

Зоран Заев издржал многу, ќе издржи уште малку. Го издржав обидот за убиство, крстовите по државата со моето име, некрлозите со мојот лик, го издржав италијанскиот новинар и македонскиот новинар. Ќе издржам уште некој ден, но би сакал од овде да му се обратам на Исцелителот бидејќи треба да знае дека ако има намера да исправува луѓе, мора претходно да им каже на граѓаните каде е фамозната Тиранска Платформа, каде е кантонизација, каде се милионските мигранти, ги нема никаде, тоа се лаги со опашки. Комплетно е разобличен Мицкоски и тајфата околу него. Завршуваат нивните опструкции. Ја слушнавте ли изјавата на Мицкоски кој рече дека во првите шест месеци ќе одговарал некој. Што кажува тоа? Тоа кажува дека тој има намера да биде и обвинител и судија. Да не почитува ниту независно судство, ниту независно обвинителство. Викаат ќе ја врателе државата. Од кого бре мајката, па таа е вратена на народот, но никогаш повеќе нема да се врати на режимот. Немам ниту тронка дилема околу епилогот на изборите. Како во Штип, така и сегде, ќе бидат поразени. Се стопија како стиропорот во Скопје 2014, така и тие се отворија. Ние имаме чисти кандидати, без ниту една дамка. Треба да бираме да гласаме во 3 ИЕ. Овде доктор Емилија Рамбабова, која претставува општественик за пример, доктор Сашко Николов е џандар збира за сите 20 од нивната листа. Сам вреди колку нивните 20 во 3 ИЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -