fbpx
21.8 C
Skopje

Заев од собраниска говорница: Заврши времето кога можевте да го кршите Уставот, мнозинството ќе избере претседател било каде (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска за прв пат се обрати од собраниската говорница, при што рече дека  доколку пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжат да ги кршат Деловникот и Уставот, мнозинството ќе избере претседател на Собранието било каде.

„Пет седмици, триесет дена парламентарното мнозинство оформено овде буквално ве моли да прекинете да го кршите Деловникот, а вие се правите како паднати од Марс. Конститутивната седница секогаш траела од еден до пет часа, а не волку многу“, рече Заев.

Тој ги потсети пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека од над 1 милион гласачи добиле 400.000 гласа и дека тоа не е мнозинство.

„Ве молам најучтиво давајте право на реплика и говорник, но ако се надвор од темата одземете им го зборот како што е предвидено во Деловникот, ве молам најучтиво продолжете ја седницата по 18 часот. Дајте мнозинството да се изјаснува, да се премине на четвртата точка“, рече Заев.


ВИДЕО: а1он

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -