fbpx
6.8 C
Skopje

Заев: Одлуката на Иванов е флагрантно кршење на Уставот

АКТУЕЛНО

Шилегов: Мементо парк за дислокација на спомениците

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на прес конференција истакна дека неговиот став кон „Скопје 2014“ е непроменет, како и дека му се...

Спасовски : Тоа што го прави ВМРО ДПМНЕ е чисто лицемерие , страв и бегство од пораз , но тоа е нивен проблем

Ние рековме дека ќе одиме со чесна понуда за сите изборни процеси, Сашко Николов е таа чесна понуда и ние излегуваме пред граѓаните без...

Царовска : Штипјани треба да бидат горди што имаат можност да го изберат Сашко Николов за градоначалник

Штипјани треба да бидат горди што имаат ваков сограѓанин од една страна , но уште поважно што може да го изберат за градоначалник. Тој...

Богоjeски со жестока порака до Милошоски и Апасиев:Македонците и Албанците имаме слична историја и исти маки сме препатиле

Обидот на типчиња како Антоњо и Апашиненко да направат меѓуетнички судири во Македонија со приказната за “шиптарот Османи кој ги продава македонскиот идентитет и...

Законот за употреба на јазиците нема ништо да се промени во Македонија ниту ќе  ја наруши нејзината заедничка иднина. Апелирам да се пушти законот да живее, да се почитуваат институциите, а Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него, изјави премиерот Зоран Заев. Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише законот, за Заев е „флагрантно кршење на Уставот, но и кукавичлук“.

Да го оставиме законот за употребата на јазиците да го види денот. Мене ми е жал што претседателот на државата одлучи буквално да не го почитува Уставот и објави по втор пат дека нема да го потпише законот. Тоа не е добро, тоа е флагрантно кршење на Уставот на Македонија и секако институциите немаат право да дозволат тоа да се случи. Но, истовремено тоа за мене значи кукавичлук, да не се дозволи законот да живее заради тоа што ако се пушти законот да заживее конечно ќе ја реализираме последната правна обврска од Охридскиот договор. И сите ќе видат дека нема да има ниту Тиранска агенда во Македонија, дека Македонија нема да биде држава на Албанците или не знам кои од малцинските заедници во државата, рече Заев одговорајќи на новинарски прашања на маргините на Форумот за владеење на правото во ЈИЕ.

Заев истакна дека овој закон не е изгласан скришно и заткулисно како што порано се правело, туку девет месеци беше отворена дебатата.

– Ајде сите да се фокусираме и да му дадеме шанса на ова наше мултиетничко општество каде што сите граѓани ќе бидат еднакви согласно Уставот и ќе ги користат своите права. Со овој закон дадено е едно ускратено прво на граѓаните од помалкубројните заедници, кажа премиерот.

Тој смета дека законот треба да се потпише, да се достави до Уставниот суд и Венецијанската комисија, но и јасно да се каже дека во Штип, во Гевгелија, во Струмица не мора никој да зборува албански јазик.

– Убаво е граѓаните Албанци да си го користат својот мајчин јазик во општините каде што се повеќе од 20 отсто, Ромите во единствената ромска општина во Европа да го користат својот јазик, Турците во Гостивар, Србите во Куманово итн. Апсолутно незаборавајќи дека официјален службен јазик во Република Македонија е македонскиот јазик и притоа овој закон дополнително го прецизира и начинот и употребата на македонскиот јазик за кое што беше отворена дилема и прашање во државата, изјави премиерот Зоран Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ извика “да живее Зоран Заев”: Се огласи и Костадинов

На денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за надворешни работи, портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски направи лапсус и викна „Да живее Зоран Заев“. По...

Резултатите за изминатите 24 часа: Дури 2824 луѓе биле тестирани, позитивни се 1100

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-439, Куманово-56,...

Цеца не можеше да се воздржи: Внукот Жељко ја доведе до солзи

Хит на Интернет... Светлана Цеца Ражнатовиќ секој слободен момент го поминува со внукот Жељко и ужива со него, а што прават и како се забавуваат...

Koга е безбедно да се гледате со другите луѓе откако ќе прележите Kовид-19 – оваа грешка речиси никој не ја прави

Се разболувате. Поминуваат неколку дена, и за среќа почнувате да се чувствувате подобро. Дали е во ред тогаш повторно да започнете да се гледате...

Денес 4 декември: Одбележување на еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородиа

Православната црква на 4 декември одбележува еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородица. Овој ден во црквениот календар е обележан...
- Advertisement -