fbpx
6.8 C
Skopje

Заев: Откако новиот претседател на Собранието ќе испрати писмо, Иванов ќе го даде мандатот

АКТУЕЛНО

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со евркомесарот Јоханес Хан рече дека инаетот на одредени политичари ја внесува Македонија кон лоша иднина.

„Пораките на комесарот Хан и тројцата европратеници се јасни, зборувавме дека мора да се убрзаат процесите, но тоа не значи дека треба да престанеме да бидеме внимателни“, рече Заев.

Тој кажа дека трошење на повеќе денови е ризик за Македонија и се надева дека ќе има сенс од другите политичари бидејќи партиите постојат единствено за државата.

Заев кажа дека очекува Собранието да се состане до крајот на оваа недела и мисли дека откако новиот претседател на Собранието ќе испрати писмо до Иванов, тој конечно ќе го даде мандатот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -