fbpx
21.8 C
Skopje

Заев откри што прави во самизолација и како го поминува времето во својот дом (Видео)

АКТУЕЛНО

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Канал5 телевизија открива што прави во самоизолација во својот дом и како го поминува своето време.

– Во текот на работниот ден читаме одредени одлуки, драфт верзии на документи за да изградиме свои ставови. Секој работен ден е работен ден и дома. После 16:00 часот олабавуваат институциите и мојот ангажман. Знам да прочитам книга и да изгледам доцна некој филм. Семејниот живот е важен и нормално поминувам време со сопругата и децата.

Погледнете го интервјуто на првиот човек на СДСМ.

Интервју за Канал 5 – Како изгледа самоизолацијата

За време на самоизолазија работам, поминувам време со фамилијата, читам и гледам филмови. На оваа тема разговаравме на интервју за Канал 5. Сакам да испратам апел до сите граѓани, да знаат, дека државата и институциите постојат за нив, за сите можни потреби им стојат на располагање. Но, истовремено апелирам граѓаните да ги почитуваат институциите и сето она што се укажува или препорачува. На тој начин ќе се заштитиме себе, а ќе ги заштитиме роднините, пријателите и сите со кои комуницираме. Само така полесно ќе ја пребродиме оваа криза предизвикана од коронавирусот. Поздрав од Струмица.

Posted by Zoran Zaev on Monday, April 13, 2020

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -