Оваа корона-криза може да ја има и во август, и во јули, и во септември. Бројките може да бидат вакви до крајот на годината.
Очекувам 900.000 гласачи да излезат на изборите. Можеби некои ќе објават на фејсбук статус да искажат свое мислење, но се повозрасни и нема овој пат да излезат на гласање.
Јас и кога зборував со Вархеј кажав: Поминуваме по 2 саати во ресторан или кафич, во маркет, пазар и слично. Тогаш во една ваква ситуација можеме 3 до 5 минути да одиме на гласање. Од тоа ни зависи иднината на државата, стабилноста на економијата, но и подготвеноста за борба против коронавирусот. Ние немаме Собрание, немаме политичка Влада која ќе има одговорност. Имаме политичко препукување кое може да носи само штета, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ21 во емисијата Click Plus.