fbpx
6.8 C
Skopje

Зaeв се огласи за случајот со Пауновски: Решен сум да го разрешам

АКТУЕЛНО

Заев останува отворен и за негово премислување пред одлуката на Владата бидејќи очекува аргументи за тоа.

Премиерот Зоран Заев утре на владина седница ќе ја потврди својата намера за разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски кој отворено одби да прифати во неговата институција да бидат прераспределени 35 „рамковни административци“, но останува отворен да биде премислен директно на седницата на Владата.

– Одлуката ќе биде донесена според јавните прописи, но нема да дозволам непочитување на законите иако Пауновски е мој пријател. Ќе ги слушнеме и сите аргументи вклучително и вработените во Државниот пазарен инспекторат и ќе биде донесена одлуката на Владата – рече Заев.

Пред тоа во 9 часот премиерот ќе се сретне со претставниците на вработените во Државниот пазарен инспекторат и ќе ја прими нивната петицијата во која тие застануваат за Пауновски.

-Утре ќе ги примам инспекторите за да ја примам петицијата и да ги видиме успесите на Државниот пазарен инспекторат. Ние знаеме што постигна инспекторатот во овие три години и за време на пандемијата и колку во тоа придонел Пауновски, но процесот на распределба на административците кои не работеа е значаен. Потоа на седница на владата јас ќе ја потврдам својата намера за разрешување на Пауновски – рече премиерот.

Тој рече дека смета оти Пауновски не постапувал според законот и етичкиот кодекс.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -