fbpx
18 C
Skopje

Заев: СДСМ 26 години е и ќе биде државотворна партија посветена на заедничкото добро!

АКТУЕЛНО

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со честитка за роденденот на СДСМ.

Почитувани граѓани, членови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, симптизери, активисти, поддржувачи,

Нашата определба за демократските вредности, 26 години е столб на нашата заедничка држава Република Македонија.

Нашата сила е заедничката надеж дека е можен напредок, подготвеноста да бидеме подобри денес од вчера, одлучноста да ги споиме различностите кои се наша предност, а не слабост.

Ќе успееме во промените затоа што веруваме во нив, затоа што знаеме кон што се движиме и затоа што сме искрени во нашата цел да овозможиме живот за сите во Република Македонија.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија 26 години е и ќе биде државотворна партија посветена на заедничкото добро. Нека ни е честит роденденот!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -