Обидите да се блокира работата на Собранието, во услови на светска пандемија од КОВИД-19, не е политика. Тоа е опасно, срамно и неодговорно однесување.




Очигледно Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на свој став, мерка, предлог или политика сакаат да го надоместат со тоа што ќе предизвикаат штета на граѓаните, во време кога им е неопходна помош од државата.
Се обидуваат да блокираат носење на закони среде пандемија со коронавирусот, меѓу кои и оние за ваучерите од 6.000 денари, за помош на пензионерите, самохраните родители, слободните уметници и филмски работници, како и мерките за помош на лозарите.
Апелирам да се повлече ова бесмислено ставање сопки и кочење на работата на Парламентот и да се прифати можноста, како и насекаде во светот, за онлајн работа на далечина.
Македонскиот народ и сите граѓани имаат потреба од функционално Собрание.
Секоја политичка партија треба да ги застапува интересите на граѓаните.
Упатувам порака да се преиспитаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и да одлучат, дали за нив, послушноста кон Мицкоски е поважна од граѓаните.
Ние сме решени. Реформите мора да продолжат, како и поддршката на државата за своите граѓани, особено во ова тешко време.
Граѓаните ќе добијат функционално Собрание.




Реформите важни за државата, за граѓаните, нема да застанат.
Напредокот ќе продолжи, помошта за граѓаните и економијата во справување со вирусот ќе продолжи.
Владата нема да штеди и ќе вложува во зајакнување на технолошкиот и човечкиот потенцијал во земјата. Во однос на економијата, посветени сме да ги максимизираме домашните ресурси и човечки потенцијали како интелектуалци, професори, практичари во бизнисите, кои можат да ѝ помогнат на државата во однос на засилување на економскиот раст и развој на Северна Македонија.
На денешната панел сесија на отварањето на самитот „Македонија 2025“ истакнав дека главната цел ни е да ја зголемиме конкурентноста на компаниите и микро компаниите и да ги направиме бизнисите конкурентни.
Владеењето на правото и борба против криминалот, корупцијата и митото, како и борбата со сивата економија, се едни од нашите главни определби. Сето ова ќе обезбеди сигурност на инвестициите. Работењето на економските процеси е најсериозен приоритет на Владата, давајќи сериозно значење на здравствениот аспект и на интегративните процеси со ЕУ, со цел обезбедување економска сигурност на граѓаните.
Денеска се обратив на Самитот „Македонија 2025“, на кој пренесов дека заложбите на Владата на долг рок се во насока на креирање стабилен и предвидлив деловен амбиент, за реализација на инвестициски проекти.