10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Заев се сретна со еден од првите луѓе на Google Jigsaw: Македонија има креативни млади луѓе кои може да пронесат во ИТ секторот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со Џерад Коен, еден од првите луѓе на една од најразвиените светски компании Google Jigsaw.

Изразена е поддршка за промените што се случија во Македонија, што ги предводи новата Влада, како и за можностите за млади и за економски развој што ги отвора Владата. Премиерот Заев ги претстави условите за инвестирање во Македонија.

– Со политиките на новата Влада, ја отворивме Македонија за светот како и за младите и креативни луѓе кои сакаат да придонесат за економскиот развој на државата, но и ја гледаат нивната иднина во својата земја. Преку бизнис инкубаторите и старт ап центрите, фокусирани сме, како Влада, на поддршка на компании и поединци со иновативни идеи. Заинтересирани сме да ги поддржиме и добрите иницијативи во ИТ секторот и технологијата, рече премиерот Заев.

На средбата, претставници на Google Jigsaw што го придружуваа високиот претставник на компанијата, Коен, соопштија оценка од нивната скорешна посета на Македонија, дека земјата има млади креативни луѓе кои би можеле да придонесат во иновативниот, технолошкиот, ИТ сектор.

На состанокот се разговарало за идеи за соработка во Република Македонија. Поставена е основа за развивање на соработката.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави