Партнерството засновано на доверба и пријателство го трансформиравме во сојузништво со членството на нашата земја во НАТО, а Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја во претстојниот процес на преговори со Европската Унија.
На средбата со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, се согласивме дека со Договорот од Преспа, Република Северна Македонија и Грција создадоа модел за успешно решавање на отворените прашања меѓу соседите.