7 C
Skopje

Заев со долг и важен статус: 609.813 македонски граѓани на овој ден го заокружија изборот ЗА испраќање на ФИРОМ во историјата и за напредок на државата

АКТУЕЛНО

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...

Костадинов: 470 милиони рвра изнесува четвртиот пакет антикризни мерки за граѓаните

Ребалансот на Буџетот за 2020 година обезбедува навремена и ефикасна помош за работниците, ранливите категории граѓани, но и за компаниите погодени од коронакризата, изјави...

На овој ден пред две години 609.813 македонски граѓани го заокружија изборот „ЗА“ на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Патот кој води до сигурна евроатлантска иднина доби повеќе гласови од победниците на сите парламентарни избори во историјата на независна Македонија.

Резултатот на референдумот беше сигнал дека пратениците во Собранието имаат обврска да ја следат мнозинската волја и тие ја прифатија историската одговорност која се исправи пред нив. Во парламентарниот дом беа донесени храбри одлуки чии благодети граѓаните веќе ги чувствуваат.

Договорот со Грција во својата суштина ја има иднината на нашата држава Северна Македонија, од што произлезе членството во НАТО и одлуката за почеток на преговори со ЕУ.

Станавме рамноправна членка на семејствата на НАТО, сојузник со нациите кои уживаат силен економски развој и со чија помош си ги гарантираме сигурноста, безбедноста и добробитот за граѓаните.

Оваа година ги почнуваме преговорите за членство во ЕУ.

Овие храбри одлуки носат подобар живот за сите граѓани и ни го потврдија богатото историско и културно наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна.

Постигнавме договор кој го гарантира правото да се определуваме како Македонци, а македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

Ја испративме во историјата на заборавот референцата ФИРОМ (ПЈРМ) и денес нашата земја е заведена во Обединатите Нации под името Република Северна Македонија, преведено на сите јазици, со химната, грбот и знамето кои не се променија.

Оваа наша генерација македонски граѓани ја прифати демократијата како највисока вредност, но и како одговорност. Во име на таа наша одговорност ги направивме потребните чекори за најважните одлуки за иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

2748 тестови: Регистрирани 934 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420, Куманово 35, Дебар 5, Штип 20,...

Регистирани 33 деца позитивни на коронавирусот: Состојбата во градинките е под контрола

Од отворањето на градинките на 9 септември до денеска регистрирани се вкупно 33 деца позитивни на корона-вирусот и 109 вработени. Во моментов во изолација...

Османи: Се надевам дека следната недела ќе седнеме да разговараме со Захариева

Се надевам дека следната недела ќе се обезбеди формат да седнеме и да разговараме со министерката Екатерина Захариева, бидејќи навистина се ближат деновите кога...

Седум општини почнуваат со развој на социјални услуги на локално ниво

Министерството за труд и соцјална политика денеска потпиша грантови за развој на социјални услуги со општините Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село,...
- Advertisement -