fbpx
9 C
Skopje

Заев со повик до дијаспората: Ве повикувам да излезете на референдум

АКТУЕЛНО

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: СДСМ ќе го промени своето име, скратеното име и натаму би останало СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека владејачката партија во иднина планира да го промени името од „Социјалдемократски сојуз на Македонија“ во „Социјалдемократи...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со претставници на дијаспората од Македонија во Италија, Швајцарија, Луксембург, Германија, Словенија, Хрватска, САД.

На средбата е изразена поддршка на владините политики за членство на Македонија во НАТО и во Европската унија.

Владата соопшти дека на состанокот се разговарало за повеќе актуелни прашања, меѓу кои и за важноста на претстојниот референдум и за потребата од проактивна улога на сите граѓани, вклучително и на дијаспората со цел успешен референдум, што ги отвора перспективите на Македонија и можностите за квалитетен живот на сите граѓани.

Претседателот на Владата, Заев рече дека НАТО и ЕУ за Република Македонија значат економија, стабилност и безбедност и изрази очекување за успешен референдум.

– Мнозинството граѓани на Македонија веќе се изјаснија за промени, за перспективи наместо изолација, за благосостојба наместо сиромаштија, за реформи и демократија што водат кон квалитетен живот и безбедна иднина на државата и на сегашните и идните генерации. И убеден сум дека на референдумот ќе биде потврдена одлуката за евро-атлантска иднина на Македонија, што ќе донесе и европски живот во Македонија и стабилност и безбедност. Ве повикувам, како што си ја сакате државата, да излезете на претстојниот референдум и со тоа и вие како дијаспора, да дадете значаен придонес во овој историски момент за напредок на Македонија – рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев и претставниците на дијаспората зборуваа за придобивките од реформските процеси во државата, од воспоставувањето добри односи со соседите и од евро-атлантските интеграции.

– Вистински патриот е оној кој ќе ја обезбеди иднината на државата. Тоа е придобивка за нашите деца, за сегашните генерации и остварување на вековниот стремеж на нашите претци за потврда на идентитетот на граѓаните Македонци, на македонскиот јазик и поставување на Македонија како држава, еднаш засекогаш, во светското семејство на држави – рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, им се заблагодари на претставниците на дијаспората за желбата да го помогнат остварувањето на стратешките цели на државава, членство во НАТО и ЕУ, а со тоа и за економски просперитет на Македонија.

На средбата се поздравени искрените политики на Владата кон дијаспората, што овозможуваат услови за инвестирање во родната земја. Претставниците од дијаспората се интересираа за можностите за инвестирање и за областите во коишто се потребни инвестиции.

Средбата помина во пријателска атмосфера и со договор за поинтензивни контакти помеѓу Владaта, општетсвотo и дијаспората од Република Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Фабрика на слатки облаци: Руски град во кој се патува поради совршениот традиционален десерт

Кога би се бирал „најслаткиот“ град во Русија, тоа би бил Коломна, кој е синоним за традиционалниот десерт од јаболка наречен пастила. Но, не дозволувајте...

Георгиевски: Отсекогаш сум кршел табуа

Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести, истакна дека негова цел со неодамнешните предлози...

Трамп со својот говор ги „запали“ сите присутни: Ја спомнал и Меланија, а тоа што го кажал за неа

Синоќа, поранешниот претседател на САД одржал говор на конференцијата за Конзервативните политички акции. Конечно се чини дека е ставена точка за разните шпекулации за бракот...

Борис

Бидејќи ја задоволивме правдата ред е да се вратиме на старите проблеми. Сфативме со годините дека многу тешко успеваме да ја покажеме на дело нашата...

Заев: Неприфатливо е добивање државјанство со сведоци, мора да има доказ

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека барањето на албанската опозиција со три сведоци да се даде државјанство на тие што сè уште имаат...
- Advertisement -