Со длабока тага го изразувам искреното сочуство за загубата на нашиот првоборец Раде Гогов.




Гогов како млад партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ и останува во нашите срца и сеќавања како борец кој остави своја неизбришлива трага во македонската историја.
Како првоборец на НОБ се бореше за нашето ослободување, самобитност, државност и независност. Ќе остане запаметен по храброста и неговите преданија за македонската борба за слобода.
Нека му е вечна славата.