fbpx
21.8 C
Skopje

Заев: Според искуствата преговорите со ЕУ би ги завршиле 2025 година

АКТУЕЛНО

Според искуствата од тоа колку траеле преговорите со Европската Унија, Македонија би ги завршила во 2025, кажа премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск

Оваа година е предвидена и во Стратегијата за проширување на ЕУ, како година кога би се примиле нови членки.

Заев, исто така, истакна дека денеска во Брисел во срцето на Европа е потврдена големата вест Република Македонија да добие датум за преговори во јуни 2019.

– Нашата земја го заслкужи тоа. Лидерите на ЕУ рекоа „ДА“, земјата го заслужува тоа. ЕУ прифати дека Македонија од заробена држава за само една година направи пресврт. За само една година Република Македонија е земја позитивни промени, на инклузивност, политички дијалог, за политичка волја за решавање на проблемите со соседите – рече на прес-конференцијата премиерот Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -