fbpx
2.8 C
Skopje

Заев: Стануваме членка на НАТО по решавањето на името

АКТУЕЛНО

Сѐ уште нема конечен договор меѓу Македонија и Грција. Договорени се принципи и начела, а се работи на формално-правниот аспект на договорот, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција организирана по повод првата година од работата на неговата влада, пишува Дв.
 Телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас би можел да се одржи „вечерва, утре или до петок“, рече Заев додавајќи дека очекува да се направи исчекор.

Премиерот не ги демантираше објавените информации за чекорите кои ќе се преземаат доколку се постигне договор во спорот за името, во однос на добивањето датум за членство во ЕУ, покана за прием во НАТО и одржување референдум на кој граѓаните ќе треба да го кажат последниот збор за договорот со Грција.

„Ќе има референдум, граѓаните го имаат конечниот глас“, рече Заев и дополни дека „граѓаните чекаат лидерство, вистински патриоти се оние кои обезбедуваат иднина за граѓаните“. Тој уверуваше дека јазикот и идентитетот на граѓаните се потврдени со планираниот договор со Грција, а двете земји никогаш не биле поблиску до решение. Заев потврди дека се планира ратификација на договорот со Грција во Собранието со мнозинство гласови пред одржување на референдумот за да може Грција да испрати писмо до НАТО и Македонија да добие покана за членство во Алијансата.
„Стануваме членка на НАТО по решавањето на името“, рече Заев.
Тој уште еднаш спомена дека Македонија ќе го има својот „четврти Илинден“ и рече дека копнее „за Македонија во која граѓаните се ослободени од предрасудите и стравовите од минатото“. Заев одби да коментира дали предлогот „Илинденска Македонија“ е сѐ уште на преговарачката маса.

ИЗВОР: ДВ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -