Претседателот на СДСМ Зоран Заев на пресконференција во партиското седиште на СДСМ ја поздрави одлуката на владата за вонредна состојба и повикува претседателот да ја прогласи.
Солидарноста и заедништвото е најсилното оружје со справување од каква било опасност. Мораме да ги следиме препораките и мерките од надлежните институции и на тој начин да помогнеме за спречување на коронавирусот. Ја поздравувам одлуката на Владата за прогласување вонредна состојба. Тоа ќе придонесе за брзо, ефикасно да се спроведат мерките за заштита на граѓаните. Уште еднаш сакам да им се заблагодарам на сите кои учествуваат во борбата против овој вирус, здравствените работници, полицијата, медиумите.
Државнички и одговорно е да бидеме единствени. Маката да ја споделиме, заедно сме посилни и секој граѓанин е важен. Граѓаните и нивното здравје да ни бидат пред се! Мораме да се издигне уште повеќе за да успееме во оваа борба, рече Заев во своето обраќање.