fbpx
6 C
Skopje

Заев во свој стил: Само Мицкоски пустиот е среќен што не добивме датум, затоа ќе ги прегазиме на избори (Видео)

АКТУЕЛНО

Премиерот Зоран Заев на денешната трибина „На прав пат“ во Велес одржа говор пред велешани каде што зборуваше за мерките кои ги преземала владата за подобрување на животот на граѓаните, но и каде што упати остри критики до опозицијата на која што и порача дека ќе биде прегазена на избори.

И Макрон призна дека сме исполниле се, само Мицкоски е среќен пустиот што не сме добиле датум. Денеска треба да живееме и затоа ќе инвестираме во живиот народ, а не во споменици. Ги гледате овие денови во Собрание, душички, срцки, против минималната плата се.

Ова е за сите граѓани, законот за покачување на платите не е за поединци, туку за сите, тие и за тоа се против. Против се ЕУ, Бугарија, против се одат само за пуста власт. Да најде начин како да се врати на власт. Нема враќање на власт се додека не се променат, се додека не работат за овој народ нема враќање на власт.

Вели дека веднаш ќе го поништи Преспанскиот договор. И што, пак ќе шлапаме назад во калта. Ќе поништи минимална плата, ќе поништи придонеси за плати, ќе поништи закони и ќе ја врати радиодифузната, ќе ги поништи сите овие одлуки за покачување на плати и пензии, што инвестираме во гасификација, во железници. Кога ќе ги промени своите политики, ќе се биеме, сега ќе ги прегазиме бидејќи се исти, рече премиерот Заев во Велес.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -