fbpx
19 C
Skopje

Заев за Бугарската БТВ: Македонија е мултиетничка држава во која веќе живеат и Бугари!

АКТУЕЛНО

Бугарската национална телевизија БТВ синоќа емитуваше емисија со наслов „Антични драми“ во која, гости беа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Зијадин Села од Алијансата за Албанците и новинарот Борјан Јовановски.

Во емисијата акцентот е ставен на актуелната политичка криза во Република Македонија.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека Македонија е двојазична од промена на Уставот во 2001 година наваму, во општините, во кои албанците се повеќе од 20 % албанскиот јазик е веќе официјален.

Тој нагласи дека Македонија е мултиетничка држава, а покрај Македонците и Албанците, во Република Македонија има и многу Бугари, Срби, Власи, Турци.

Заев го повтори својот став за одлуката на Иванов за недоделување на мандатот, велејќи дека тој тоа го прави не поради платформата на албанските политички партии, туку поради заштита на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од него, Груевски вели дека тоа се одлуки лично донесени од Иванов, а според него предоговарањето може само да не врати во 2001 година, што претставува навистина опасна работа.

За новинарот Борјан Јовановски, ситуацијата како што вели, е многу јасна, бидејќи она што го откриле разговорите има по пет случаи на корупција, за кои доколку се потврдат некој ќе мора да оди во затвор од 10- 15 години.

„Имаме ситуација кај што Груевски вика – ќе ја запалам Македонија, а само јас ќе го имам достапот од чешмата за вода, за да може да се изгаси пожарот. Или дајте ми слобода за да ви го дадам пристапот до чешмата за да имате вода, за да го изгаснете пожарот“, вели Јовановски.

Лидерот пак, на движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села вели дека независноста на Република Македонија е прогласена врз база на земање на правата на третина од населението во Република Македонија односно на албанците.

„Кога се донесе грбот, Уставот, знамето, химната не беа прашани граѓаните на Република Македонија. Албанците не беа прашани за тоа. Ние не сме од негде фрлени тука, ние сме автохтони и ќе бидеме. Сакаме да живееме заедно, но да бидеме рамноправни“, вели Села.

Позицијата на Груевски за ваквите ставови на Села е дека тоа е провокација кон македонскиот народ, нагласувајќи дека токму Села ќе биде тој кој ќе го прави мнозинството на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Видео од емисијата погледнете ОВДЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -