Како одговорни политичари мораме да преземе соодветни аргументи за избори. Никој не може да каже кога ќе се јават наредни бранови на коронакризата. Можно е следната есен пиковите и бројките да растат, да трае цела зима, лето, па дури и следните години. Дај Боже да нема, но што ако има. Комплетните мандати на пратениците ќе истечат целосно и во такви околности претседателот на државата може да менува министри и слично, ама во воена состојба. Затоа нашиот став е откако ќе олабави оваа криза и да одиме на избори. Истото е во Хрватска, истото е во Србија. Кај нас за разлика од сите други земји има причини повеќе. Ние сме без Собрание и немаме политичка Влада.
ОДИХР рече дека се подготвени за набљудувачки мисии, дефинитивно она што треба да преовладува е интересот за државата. Мораме да бидеме одговорни и да го прифатиме првиот можен рок. Гледаме дека кризата олабавува, нема граѓани со симптоми како што имаше, паѓа бројката на заболени, ако продолжи трендот на оздравени тогаш треба да се зграпчи моментот за да имаме легитимни избрани институции од страна на граѓаните, рече Заев во интервју за ТВ24.
Тој рече дека нема да има масовни собири и дека има напредна технологија за промоција на кандидатите.
Средината на јуни кога е добро време за избори сликата ќе биде друга. Сите сме тука, ако овој тренд продолжи, тогаш мораме да имаме одговорност пред државата. Никој не може со сигурност да каже дали септември, октомври, декември ќе имаме коронакриза или не. Јас мислам дека средината на јуни треба да бидат избори.
Заев рече дека избори се можно доколу паѓаат бројките и доколку продолжи овој тренд на опаѓање на новозаболени. Нели Мицкоски вели дека водат, зошто бега од избори. Анкетите кажуваат дека нашата коалиција спрема ВМРО-ДПМНЕ води. Затоа тој бега од избори бидејќи знае дека ќе биде поразен. Не треба да бегаат, имаме доволно време да ги претставиме програмите и кандидатите. Власти доаѓаат, заминуваат, тоа е право на граѓаните. Тие одлучуваат, рече Заев.