fbpx
23.8 C
Skopje

Заев: Законот за јазици ќе биде донесен пред локалните избори

АКТУЕЛНО

Владата ќе го донесе законот за јазиците пред локалните избори и со тоа нема да ги изгуби гласовите на граѓаните ниту од македонската, ниту од албанската етничка заедница, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Една работа е сигурна. Владата ќе го донесе законот пред локалните избори, а ако бидеме подготвени ќе биде усвоен и во Парламентот. Само следете не, ќе видите како ќе растат гласовите и на Македонците и на Албанците и на Турците и на Србите,… кон оваа владејачка коалиција, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања пред деловниот појадок со Сојузот на стопанските комори.

Според него, народот сака решавање на проблемите.

– Никој не губи ништо, секој има право на еднаквост во нашето општество и да ја чувствува Македонија како своја, потенцира премиерот.

Законот за јазиците, рече Заев, веќе се подготвува во Министерството за правда и многу брзо се очекува да биде доставен до Владата од каде потоа ќе се процесуира до Венецијанската комисија и Парламентот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -