fbpx
11 C
Skopje

Зафирчев: Не наша и нивна, туку наша заедничка Македонија!

АКТУЕЛНО

Актерот Васил Зафирчев беше дел од денешниот протестен марш во Велес на граѓанската организација „за заедничка Македонија“

„Јас знам зошто сум вечерава тука, не затоа што некој ме повика, туку затоа што така ми говори срцето.

Така е и со сите мои сограѓани велешани кои во голем број и покрај дождот, ја пратеа поворката која тргна од пред споменикот на Панко Брашнар и неговата идеја за национално обединување, па се до споменикот на Илинденците кои ги дадоа своите животи за слободата која денес ја живееме, а особено пред споменикот на Коста Солев Рацин, основоположникот на македонската литература и поезија. Универзална е пораката на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тоа е порака за Македонија, не наша и нивна, не моја и твоја, туку Македонија наша заедничка“, вели Зафирчев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -