fbpx
16 C
Skopje

Загина некогашниот победник на „Џиро д’Италија“, Микеле Скарпони

АКТУЕЛНО

Италијанскиот велосипедист и поранешен победник на трката „Џиро Д’Италија“ Микеле Скарпони (37) загина во сообраќајна несреќа во Филотрана, во италијанскиот регион Анкона.

Тој бил удрен од комбе во текот на утрешниот тренинг, а возачот на комбето рекол на полицијата дека во негова близина не видел велосипед.

Скарпони возеше за тимот на Астана, а на Џиро победи во 2011. година после дискфалификацијата на Алберто Контадор поради допинг.

Имаше уште 25 индивидуални признанија, а специјалност му беа ридските делници. Неодамна победи на првата етапа на трката во Алпа. Беше и еден од клучните за успехот на неговиот сонародник Виченцо Нибали на минатогодишниот „Џиро Д’Италија“.

Зад себе ја остави сопругата и двете деца, од тимот на Астана велат дека неговата смрт е преголема загуба за светскиот велосипедизам.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -