11.8 C
Skopje

Ѕанакопулос: Македонија не е само грчка

АКТУЕЛНО

Николовски: Николов е олицетворение на чесната понуда на СДСМ

На денешната прес конференција во Штип генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски го претстави кандидатот на СДСМ за предвремените локални избори, Др. Сашко Николов. „Штипјани...

Д-р Сашко Николов : Солидарноста, професионалноста и работа за сите граѓани подеднаkво е мое мото, моја заклетва пред вас.

Важно е Штип да избере градоначалник, легитимен со мандат од вас граѓаните. Штипјани заслужуваат реализација на проектите кои ги набројав сега, но и на...

Словенците за само 10 дена успеаа да адаптираат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитети во Љубљана

За само десет дена, градежниците успеаја да прилагодат повеќе од 1.700 квадратни метри болнички капацитет на недовршениот објект на Дијагностичко-терапевтската служба на Универзитетскиот медицински...

Бочварски: Даваме енергија и придонес во насока на подобрување на конекцијата со Бугарија

Во контекст на проблемот со Бугарија, сметам дека во делот на инфраструктурата треба ние да развиваме што е можно посилни и појасни врски помеѓу...

Врз основа на меѓународните договори, географската област Македонија не ѝ припаѓа исклучиво на Грција, вели портпаролот на грчката Влада во интервју за државната телевизија ЕРТ.

Коментирајќи го протестот и слоганите пред два дена на плоштадот Синтагма дека Македонија е грчка, Димитрис Ѕанакопулос вели дека Македонија како географска област припаѓа на различни држави, јавува дописникот на МИА од Атина.

– Многу добро знаете дека врз база на меѓународните договори, географскиот регион на Македонија не ѝ припаѓа исклучиво на Грција. 51 отсто од Македонија ѝ припаѓа на Грција, околу 30 проценти на Бугарија, останатиот дел ѝ припаѓа на ПЈРМ и еден процент припаѓа на Албанија. Затоа, ако преминеме на суштината на разговорот, гледаме дека географската област на Македонија во моментов им припаѓа на различни нации-држави и оваа реалност не може да не ја земе предвид грчката надворешна политика, рече Ѕанакопулос, на прашањето дали слоганите „Македонија е грчка“ влијаат на преговорите.

Во однос на македонскиот идентитет, портпаролот на грчката влада вели дека сите народи имаат идентитет и „ниеден народ не може да лиши друг народ од неговиот идентитет“. По инсистирање на новинарот дали станува збор за Македонци, Ѕанакопулос објаснува дека во соседната земја постојат различни етнички групи.

– Тие сметаат дека нивниот национален идентитет е тој што е. Но, исто така, да ве потсетам дека во ПЈРМ постојат и комплетно различни етнички групи, постојат Албанци, постојат луѓе кои се самоопределуваат како Славомакедонци, постојат и Грци, постојат, ако не грешам и Бугари, објасни Димитрис Ѕанакопулос за ЕРТ, пренесува МИА.

Портпаролот на грчката влада, уште еднаш повтори дека Атина бара сложено ерга омнес име, што значи име и за внатрешна и за надворешна употреба, нешто што „ако се толкува, води до заклучокот дека не може да постои договор, без промена на уставното име, а за да има промена на уставното име потребна е уставна ревизија“.

Ѕанакопулос објасни дека постојат две главни причини зошто Грција смета дека треба да се реши проблемот. Првата е дека нема причина во веќе дестабилизиран регион како што е Балканот, Атина да придонесе за дополнителна дестабилизација, додека пак втората причина е фактот што Македонија веќе ја имаат признаено над 100 земји под уставното име и опасноста во иднина ова име да го прифатат и ОН.

Во однос на можноста за распишување референдум за името во Грција, портпаролот на грчката влада, ја отфрла идејата велејќи дека не постои причина или аргумент за такво нешто.

– Фактот што ние ќе признаеме друга држава со сложено име, не знам што би требало да се постави на референдум, објаснува Ѕанакопулос.

Портпаролот на грчката влада, откри дека на следниот НАТО самит во јули, Грција ќе ја претставува премиерот Алексис Ципрас.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

СРУШЕНИ ЦРНИ РЕКОРДИ: Нови 5.067 лица се новозаразени, 38 пациенти почиnaa, се поголем број пациенти на респиратори во Србија (Фото)

Во последните 24 часа во соседна Србија се тестирани над 15.000 граѓани од кои дури 5.067 лица се позитивни на Ковид-19. Нажалост почиnале дури...

Министерството ги сподели резултатите: Проверете дали сте добитник на парична помош за стипендиите за средношколци

Министерството за образование и наука објави резултати од неколку конкурси за доделување стипендии за ученици од јавните и приватните средни училишта во земјава за...

Јоци: Kој сè ќе му забие ножиња на Мицкоски

Кој сè ќе му ,,забие" ножиња на Мицкоски, кој нема никаква контрола врз партијата? Амбиции има #Николоски, најблиску е до тронот, а мора...

Нема да има повеќе автомобили со бугарски таблички во Македонија

Она што се шушка веќе долго време, најверојатно ке се протурка до крајот на годинава како закон. Имено, ке биде побарано од сите...

Заборавете на норвешките радијатори, со овој шведски изум заштедете и стоплете ја куќата (фото)

Ако ги послушате Швеѓаните, следните зими би можеле да плаќате значително помали сметки за струја. Имено, шведската компанија SolarTech која се занимава со продажба на...
- Advertisement -