fbpx
17 C
Skopje

Започна судењето на војниците обвинети за обид за убиство на претседателот Ердоган!

АКТУЕЛНО

„Сакаме смртна казна“ и „Господ е голем“ – со овие зборови беа пречекани обвинетите војници, чиј судски процес започна во понеделник во турска Мугла, под сомнение дека се обиделе да го убијат турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Меѓу обвинетите се 37 војници, меѓу кои по тројца се уште се трага. На отсутните, недостапни за органите на Турција, војници, ќе им биде судено во отстуство, а меѓу нив  е и имамот Фетулах Ѓулен кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД и кого Анкара го обвинува дека создал паралелни структури во правосудниот, образовниот и безбедносниот систем на земјата. И покрај тоа што Ѓулен го осуди државниот удар како метод за соборување на власта, сепак тој е осомничен дека стои зад пучот.

Во тогашниот „Пуч“ во Турција, турската војска се обиде да ја превземе контролата над Турција, но нивниот обид беше неуспешен, при што најмалку 95. 000 луѓе беа отстранети од државна служба, а уапсени беа 45. 000 луѓе.

И покрај барањата на Турските власти за испорачување на Фетулах Ѓулен, Вашингтон ги одбива нивните барања и тој се уште не одговара позитивно на барањата од Турција да ѝ биде предаден.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -