fbpx
9 C
Skopje

Започнува Лимак Купот на Македонија – Осум екипи, со една и единствена цел (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Филипче пресече: Полицискиот час би важел две недели

Му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите...

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...

Вучиќ до криминалците: Готови сте, еден нема да толерирам, сите ќе ве уапсиме

По завршувањето на седницата на Советот за национална безбедност, беа прикажани фотографии со вознемирувачkaa содржинa каде се прикажуваат тешки докази. Клучните докази против криминалните групи...

Христијан Мицкоски од инфективна клиника: Тешко дишам, а главата ми пука од температура

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи на фејсбук од инфективна клиника: По криминални и украдени избори, злоупотреба на вонредна состојба, масовен поткуп, притисоци,...

Денес во ресторанот „Сквер 21“ во Скопје се одржа прес-конференција по побод Лимак Купот на Македонија, кој ќе се одржи од 17. до 19.02 во салата Јасмин во Кавадарци.

Учесниците на завршниот турнир ја започнуваат трката за престижнот пехар. МЗТ Скопје Аеродром во турнирот влегува како бранител на трофејот од лани, а денес тренерите и капитените на осумте екипи ги искажаа своите очекувања.

Со обраќање за присутните на прес-конференцијата излезе и претставникот и организатор на завршниот турнир, директорот на Лимак Скопје, Мурат Јурдал.

Имаме проекти ширум Балканот, но и во Блискиот Исток. Мило ми е што и Македонија ќе ја додадеме на таа мапа. Би сакал да изјавам дека имаме долгорочни инвестициски планови за изградба на станбен објект, трговски центар како и хотел во центарот на Скопје. Комплексот од објекти кој се надеваме ќе стане препознатлив дел од градот вреди повеќе од 200 милиони евра. Го одбравме Кавадарци за место каде сите најдобри тимови ќе се натпреваруваат и се надевам дека натпреварите ќе бидат неизвесни, фер и возбудливи до крај. Се гледаме во Кавадарци!“ – порача генералниот директор на компанијата Лимак во Скопје, Мурат Јурдал.

Претседателот на МКФ, Наумоски пред почетокот на пресот на капитенот на актуелниот освојувач на Купот, МЗТ Скопје Аеродром, Марко Симоновски, му го предаде пехарот во трајна сопственост. МЗТ во четвртфиналето ќе се соочи со тимот на Кожув.

Во продолжение ви ги пренесуваме изјавите од тренерите и капитените на екипите, учеснички во турнирот.

Анте Назор, тренер МЗТ Скопје Аеродром:

Ова е едно специфично натпреварување затоа што ние сме назначени како фаворити. Ние мораме да бидеме особено внимателни, а моите играчи мораат да бидат фокусирани максимално, борбени и да имаат контрола над натпреварот уште од самиот старт. Не треба да мислиме на ништо освен на Кожув. Претходно се пдоготвувавме за овој натпревар, имаме шмек да играме со сиот ростер, но мораме Кожув да го сфатиме како сериозен противник.

Марко Симоновски, капитен МЗТ Скопје Аеродром:

Добро знаеме какво значење има за нас овој куп, но и какви предизвици не очекуваат. Мислам дека доволно се подготвивме за новиот Куп. Ги анализиравме сите противници и мислам дека сме подготвени за максимумот да го извлечеме од нас и потоа да го прикажеме на терен.

Игор Михајловски, тренер Кожув

Самата ждрепка не нe посака. Моментално противникот е во одлична форма, но без разлика на ситуацијата и на пишувањето во медиумите дека МЗТ веќе оди во полуфинале наша цел е против нив да дадеме макссимум и во една фер и спортска атмосфера нека победи подобриот и потоа ќе се фокусираме понатаму.

Апостоли Апостолов, капитен Кожув

– Чест ми е што сме дел од Купот. Ждрепката е таква каква што е, ние имаме голем респект за МЗТ Скопје, но ние ќе излеземе на терен и се надевам дека ќе бидеме најдобри што можеме.

Перо Блажевски, асистент Работнички

– Ние како тим оваа година влегувамемалку порастеретено во Купот, но тоа не значи дека ќе се предадеме од старт. Ќе дадеме максимум во секој натпревар иако имаме три играчи повредени кои се главни во играта. Илиевски е под знак прашалник дали ќе настапи на Купот, а имаме и други двајца кои се мачат подолг временски период и отсуствуваат од тренинзи. Имаме малку простор во ростерот, но мислам дека со добра игра и мотивација ќе направиме еден солиден успех. не можеме да преедвидиме каков ќе биде исходот на крај, но се надевам дека ќе стигнеме до својата цел.

Марјан Србиновски, тренер Куманово

– Нe очекува натпревар со Работнички, така сакаше ждрепката и очекувам тежок и неизвесен дуел. Не треба да споделувам многу зборови за нив, знаеме со каков тим располагаат – искусна стартна петорка, но и млади мотивирани играчи против кои ние треба да ги искористиме нашите предности. Здравствениот билтен не ни е на највисоко ниво, тројца од носителите на играта во БИБЛ се повредени но ќе гледаме да дадеме се што можеме.

Марјан Јанески, капитен Куманово

– Сакам да им честитам на сите екипи за пласманнот. Ние се подготвувавме за овој турнир, а посебно внимание обрнавме на тактиката и на одбраната. По мене оваа екипа има доста квалитет и по мене мислам дека тој што ќе покаже поголема борбеност на теренот ќе победи.

Петар Чочороски, тренер АВ Охрид

– За нас е ова нешто ново, првпат сме учесници и за нашите играчи носи поголем товар. Нашата екипа се соочува со големи проблеми. Не напуштија четири играчи меѓу кои и првиот плеј. Ждребот сакаше да паднеме со екипа која е една од најдобрите. За анс останува да се бориме и да настапиме со сета сила.

Бранко Јанески, капитен АВ Охрид

– Купот е голем престиж за играње. Сигурно дека ќе го дадеме својот максимум, иако доста сме ослабени. Се надевам дека ќе постигнеме добар резултат.

Љупчо Малинков, тренер Фени индустри

– Сакам да им посакам среќа на сите учесници. Играме против Охрид каде што сме апсолутни фаворити. Без разлика со кој ќе вкрстиме понатаму одиме чекор по чекор, нека победи подобриот.

Кире Николовски, капитен Фени индустри

– Отвораме со Охрид кои имаат доста промени во својот ростер. Ова е Куп и секој може да победи секој. Играме дома и очекувам полна сала. Со малку среќа мислам дека можеме да одиме до самиот крај.

Ѓорѓи Кочов, тренер Вардар

– Напрвин сакам да ги поздравам моите играчи кои успеаја да се пласираат на Купот во Кавадарци. Убеден сум дека оваа екипа е најмлада на турнирот. Карпош е апсолутен фаворит, но убеден сум дека ќе влеземе максимално мотивирано за да се претставиме во што подбро издание.

Војче Лефкоски, капитен Вардар

– Целта ја исполнивме – да се пласираме на завршниот турнир. Соколи се доста квалитетна екипа, но што е тука е. Ние ќе се обидеме да се покажеме во најдобро светло.

Драган Николиќ, тренер Карпош Соколи

– Мора да ни биде добра концентрацијата на играчите на теренот, да не мислиме на АБА лигата или на нешто трето туку на Купот. Купот има 3 скалила и 120 минути до титулата, но секое скалило е посебна приказна за себе. Не смееме да гледаме на мал или поголем фаворит.

Игор Пенов, капитен Карпош Соколи

– Играме против Вардар која е млада и талентирана екипа предводена од млад талентиран тренер. Ззнаеме дека сме фаворити, но ќе се бориме максимално на сите натпревари вклучувајќи го и првиот.

Картите за натпреварите ќе бидат пуштени во продажба од утре во Кавадарци и Скопје, а цената за еден билет ќе изнесува 50 денари, додека за финалето во машка и женска конкуренција ќе чинат 100 денари.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски кажува на кој јазик пишувал Гоце Делчев

„Гоце Делчев, Даме Груев, Пере Тошев, Ѓорче, Никола Карев биле учители на бугарската егзархија. Факт е дека ние тоа го криеме во македонската историја....

Протестен марш за денот на жената: ”Разбуди се МВР”, ”Разбуди се ОЈО”

Денес, повеќе невладини организации, со почеток во 15:00 часот започнаа протестен марш за поддршка на жените од ''Јавна соба''. Тие, исто така, протестираа и за...

Филипче пресече: Полицискиот час би важел две недели

Му посакуваме на Мицкоски побрзо да оздрави и да закрепне, и здрав и прав да дојде на конгресот и да даде отчет пред делегатите...

Неделен хороскоп: Љубовен занос за овој знак, а овој знак ќе добие голема материјална добивка

Овен 21.3-20.4. Љубов: Во никој случај не можете да го достигнете она кон што се стремите во љубовта, но барем немојте да се борите со...

Љубчо Георгиевски: Се чувствувам како македонец и како ништо друго

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски кој деновиве излезе со предлог план за решавање на спорот со Бугарија, којшто власта не го прифати, вели...
- Advertisement -