fbpx
6 C
Skopje

Заработка и до 5000 евра месечно: Што се ви е потребно за одгледување на оваа билка

АКТУЕЛНО

Станува збор за одгледување на боровинки. Иако заработката е голема, нивното одгледување не е баш така едноставно. Боровинките се осетливи на многу фактори. Осетливи се на земјиштето, квалитетот на водата и бара подигнување на мали ридчиња. Секако, потребно е и наводнување.

Одгледувањето на ова овошје може да ви донесе дури 5.000 евра месечно.

Ако добро ја насадите, на еден хектар може да добиете околу 15 садници со боровинки. Едно семејство кое започна со овој бизнис говори дека на почетокот започнале со 200 хектари, а сега имаат околу 900.

Доколку сакате да се занимавате со одгледување боровинки, стручњаците од оваа област го препорачуваат системот на хидропонија. Тоа е садење во пластични вреќи на нива. Кога станува збор за извоз, објаснуваат дека може да се извезе само зрела боровница.

„За хектар боровница вкупно мора да се вложат 60.000 евра. За да има заработка мора да поминат две до три години. По садница првата година се берат 800 грама боровница. Земјоделството се менува, и мора постојано да се учи“ – велат тие.

Пласман за извоз на боровинки има во Холандија и тоа по цена од 5.45 евра по кг. (Велат одгледувачи на боровинки од Србија). Цената за килограм боровинки на големо во Македонија е околу 100 денари.

Повеќе за ова познато растение:

Боровница — познато растение како народен лек против шеќерна болест, толку е делотворна што некои го нарекуваат растителен инсулин. Плодот е бобинка и се нарекува боровинка.

Истражувањата покажале дека боровинките го забавуваат процесот на стреење, ја запира почетната фаза на развој на карцином, ја подобрува функцијата на видот и помага во контролата на дијабетесот.

Боровинките растат како грмушка, цветаат од мај до јуни, а вкусните плодови во вид на бобинки созреваат од јули до септември. Лековити се и нежни зрелите плодови и лисјата. Листовите се берат пред узревање на плодовите и се сушат на суво место и на провев. Зрелите плодови се берат во лето, а се сушат на сонце. Плодот е темносино – црна округла, сочна бобинка, со пријатен киселкасто – сладок вкус, малку со остар вкус. Како лек се користат свежи и суви бобинки, сок од зрели бобинки, сируп и вино.

Од боровинки се подготвуваат чаеви за лекување на чир, пролив, недостаток на апетит, шеќерна болест и други. Бидејќи боровинките се многу здрави, треба што почесто да се користат во исхраната.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -