fbpx
6.8 C
Skopje

Заработува над 30.000 евра месечно, но вели пари не му требаат: Директорот Душан кој воедно е и политичар кажа колку му се високи приходите

АКТУЕЛНО

Општо познато е деке директорите и политичарите важат за личности кои заработуваат солидна сума на пари, но ретки се они кои јавно говоорат за тоа, пишува порталот Кластер.мк.

Сепак Душан Бајатовиќ, директор на јавното претпријатие „Србијагас“ и функционер на владејачката СПС кој неодамна дојде на позицијата директор на „Гастранс д.о.о.“, е исклучок.

Душан на тоа место не го постави Владата на Србија, ниту некое друго тело, туку „Србијагас“.

Неговите приходи често се шпекулираат во јавноста, додека министерот за енергетика испраќаше разни повици и ја споредуваше неговата плата со платата на рударите од Ресавица.

Многумина шпекулираат дека тој наводно е човек на Русија и затоа никој не бил во можност да го замени.

Душан Бајиќ реши јавно да одговори на некои од прашањата што заинтересираа многумина. Делумно откри и колку заработува.

„Што се однесува до платата во „Србијагас“, таа е 1.420 евра, остатокот е приход од странски компании, кои ги има многу“, рече Бајатовиќ како гостин во утринската програма на ТВ „Прва“.

На прашањето како коментира дека заработува 30.000 евра месечно, Бајатовиќ рече дека заработува нешто повеќе од споменатат сима, но се пожали дека нема за што да ги потроши сите тие пари.

„Мене најмалку ми требаат пари. Јас ги трошам на сите други, помагаме и имам многу хуманитарна активност”, потенцираше тој.

Извор: Кластер.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -