Ние работиме исклучиво со деца. Првин испадна позитивен мојот колега, тој имаше контакт со фамилијата од Дебар која е зафатена со вирусот. Тој немаше никакви знаци, но и ние. Но јас инсистирав да се тестираме бидејќи тие имаа став дека треба да покажуваш клинички знаци за да се тестираш. Вчера дознавме дека сме позитивни. Трите медицински сестри и двата доктори. Знаци немаме никакви, денес чекаме колегите да не викнат на преглед. Најверојатно ќе ни препорачаат домашен третман, знаеме што значи зараза, знаеме што значи мерки за зараза, рече докторот Аголи во телефонски разговор за Сител.
Сега сум дома, сега сум надвор имам прекрасен двор со цвеќиња, добро се чувствувам. Сестричите се млади, загрижени се, ме прашуваа од сабајле како сум, добри се и они, ќе ме чекаат да ги земам од дома. Засега сме добри.
Според докторот морало да се воведат поостри мерки час поарно.
Тој ги советува граѓаните да си носат маски, иако имале сомнеж, немале сомнеж, имале или немале контакт, често да мијат раце, да пијат по две три голтки вода. Ќе бидат добри, да не паничат, да не се плашат, треба да се внимава, но нема место за паника, рече докторот за Сител телевизија.