fbpx
29.8 C
Skopje

Застој на границата со Грција -Повеќе од 70 товарни возила заглавени на Евзони

АКТУЕЛНО

Синоќа околу два часот поради лошите сообраќајни услови предизвикани од снегот, забранет е влез на тешките товарни возила на територијата на Грција, соопштуваат од МВР.

Според информациите повеќе од 70 товарни возила чекаат на граничниот премин Богородица. Утринава раководителот на смена на граничниот премин Евзони, стапил во контакт со раковотиделот на граничниот премин Богородица, соопштувајќи дека условите и состојбана на патиштата во Грција се премногу лоши.

„Утринава е остварен контакт меѓу раководителот на смена на полициската станица на граничниот премин Богородица со раководителот на смена на граничниот премин Евзони во врска со застојот. Од страна на грчките полициски службеници е добиено известување дека од два часот не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата“, стои во соопштението од МВР.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -