28 C
Skopje

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Снимките се исечоци, разговорот со Мицкоски траеше подолго

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди објавувањето и снимањето на разговори во кои тие се инволвирани. Како што велат, ова е нечесен пристап...

(Видео) Наречение на Бигорскиот Старец и Игумен Партениј за епископ Антаниски

Епископското служење е возвишен израз на апостолското преемство и продолжение на апостолската служба, без која нема вистинска Црква и кое со чистота на животот...

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител на денот на изборите

Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321,...

Мицкоски со писмо до граѓаните: Вашиот глас ги менува работите, се обврзувам дека со целата моја енергија ќе се вложам и нема да ве...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати отворено писмо до граѓани во пресрет на гласањето на парламентарните избори. Писмото во Мицкоски во продолжение може да...

Збогување на Империјата

Велика Британија е жртва на интересите на своите политички елити и лидери. Држава која што до пред 100 години беше Империја и управуваше со светот – денес е само бледа сенка на некогашната империја. Изгубена моќ, сила, престиж, привлечност. Вестминстер деновиве личи на „Монти Пајтон“.

Тоа што се случува со Велика Британија е резултат на грешките на премиерите. Лудата идеја на Дејвид Камерон за распишување на референдум за излез од ЕУ со цел да ја смири расправијата и судирот во својата партија заврши со успешен референдум за излез од ЕУ.

Непресметлива желба на Тереза Меј да одржи предвремени избори со цел да го зацврсти своето мнозинство заврши со солзи и дебакл. Не успеа ниту одолговлекувањето на преговорите со ЕУ, Германија е против таква варијанта.

Борис Џонсон е опструиран од сите страни, и не се знае како ќе заврши неговото владеење. Тој е поборник на излез на Велика Британија по секоја цена, но како и Тереза Меј, и тој не може да обезбеди мнозинство. Нови избори нема ништо кардинално да решат и само ќе ја продолжат агонијата.

Во британскиот ум секогаш беше пристуна идејата за „одвоеност„ од Европа, и Велика Британија важеше за евроскептик околу создавањето на длабоко интегрирана ЕУ во секој поглед. Лондон во тој поглед им пркосеше на Берлин и Париз. Додека над ЕУ важеше ореолот на успех и просперитет, Велика Британија седеше на последните клупи и тивко негодуваше. Но кога се појавија првите контури на длабоката внатрешна криза во ЕУ, Лондон се реши за референдум.

Неспособноста на политичките елити на Велика Британија да донесат било какво решение околу Брегзит ја гура Велика Британија во пропаст. Фунтата ќе продолжи да паѓа некое време како и економијата, а Велика Британија уште долго ќе биде разделена како општество по сите параметри. Најголем добитник од излеѓувањето на Велика Британија од ЕУ ќе бидат Германија и Франција. Германија на економски и политички план, а Франција на политички. Берлин и Париз ќе можат да го туркаат заедно својот проект за нов и реформиран ЕУ, во два круга, богато и цврство јадро и периферија. А Москва и Пекинг ќе го искористат излегувањето на Велика Британија од ЕУ на меѓународен план.

На меѓународен план Велика Британија ќе го изгуби својот престиж. Велика Британија нема да има разбирлива меѓународна функција и позиција.

Британската политичка елита важеше за еден од најголемите и најдобрите шаховски играчи на големата шаховска табла во последните неколку векови. Како резултат на таа своја прагматичност, визија и планирање ја создадоа својата империја. Низ вековите гледаа како другите светски империи (шпанската, француската, османската, австро-унгарската, германската, руската) се распаднаа, секако со голем удел на Велика Британија. Во 1945 година дојде редот и на британската империја. Брегзит и целиот циркус околу Велика Британија денес е само финале на тој процес.

Она што не им успеа на Москва, Берлин, Париз, Виена низ вековите да ја изолираат и дистанцираат Велика Британија од Европа, денес им успеа на политичарите во Велика Британија.

Велика Британија конечно се збогува со Империјата, над која што никогаш не зајде сонцето. Се до Брегзит.

Дарко Тодоровски – магистер по меѓународни односи

РАНХиГС – Москва

Latest Posts

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Снимките се исечоци, разговорот со Мицкоски траеше подолго

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди објавувањето и снимањето на разговори во кои тие се инволвирани. Како што велат, ова е нечесен пристап...

(Видео) Наречение на Бигорскиот Старец и Игумен Партениј за епископ Антаниски

Епископското служење е возвишен израз на апостолското преемство и продолжение на апостолската служба, без која нема вистинска Црква и кое со чистота на животот...

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител на денот на изборите

Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321,...

Мицкоски со писмо до граѓаните: Вашиот глас ги менува работите, се обврзувам дека со целата моја енергија ќе се вложам и нема да ве...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати отворено писмо до граѓани во пресрет на гласањето на парламентарните избори. Писмото во Мицкоски во продолжение може да...

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.