fbpx
19.8 C
Skopje

Зборот е збор: Боки на кафе средба со самохраната мајка, веднаш потоа таа се вселува во стан во Скопје!

АКТУЕЛНО

Зборот е збор за Боки и од него нема отстапување. Откако синоќа на својот ФБ профил, познатиот шоумен и водител Бојан Јовановски најави дека лично тој ќе се погрижи за обезбедување на дом за самохраната мајка Драгица и нејзините две деца, денеска тој ја прими Драгица во неговиот дом, заедно испија кафе, а веднаш потоа, како што вели Бојан на неговиот профил, таа заминува во својот нов дом, а за неколку дена ќе почне и со работа.

Zaedno so Dragica ispivme kafe, razgovaravme, podelivme zaednivki iskustva…. taa otvoreno i samokriticno zboruva za…

Posted by Boki Jovanovski on Wednesday, March 15, 2017

„Заедно со Драгица испивме кафе, разговаравме, поделивме заеднички искуства, таа отворено и самокритично зборува за нејзината состојба и тоа е за почит! Драгица од кај мене веднаш се вселува во стан во Скопје и веќе за неколку дена ќе почне со работа. Драгица ќе се избори за своите деца и без оглед на се секој од нас заслжува пристоен и достоинствен живот! Благодарност до сите луѓе кои се јавуваа кај Драгица и кои што донираа средства и луѓе кои што и понудија работа! Солидарноста нека не краси и спојува“, пишува Јовановски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -