fbpx
20.8 C
Skopje

Зекири распали по Камчев: ОД одговорноста за сите злодела нема да избегате!

АКТУЕЛНО

,,Орце Камчев и сличните на него е најдобро да молчат и да одговараат за сите злодела направени на Македонија и нејзините граѓани!!!

Можете што сакате да кажувате, но од ОДГОВОРНОСТ нема да избегате!!!“

Ова е пораката на пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири до бизнисменот Орце Камчев, по неговото интервју во кое јавно кажа дека ќе гласа ЗА на референдумот, и во кое упати пофални зборови до Заев дека е најхрабар премиер досега.

Мухамед Зеќири (10 март 1979 во Скопје) — македонски политичар од албанска етничка припадност, пратеник од редовите на СДСМ и потпретседател на партијата. Зеќири основно училиште завршил во „Лирија“ – Чаир, а средно теолошко училиште во медресата „Иса Бег“ во скопското село Кондово. Дипломирал на студиите по новинарство на универзитетот на Југоисточна Европа во 2001 година, по што се вработил како дописник од Скопје за македонскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Зеќири во март 2006 година станал главен и одговорен уредник на телевизијата Алсат М. Во Алсат останал до ноември 2015, а потоа преминал во ТВ Шења, каде бил уредник на вестите до септември 2016. Тој по 18 години во новинарството ја напуштил професијата и се зачленил во СДСМ. Бил кандидат за пратеник на парламентарните избори во 2016 во втората изборна единица, каде партијата освоила осум мандати. Зеќири зборува албански, македонски, англиски, српски, и хрватски јазик.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -