Џаред Кушнер е цело време невидлив за јавноста. Тој никогаш не дал интервју и никогаш не напишал ниту еден твит, но секојдневно беше поддршка на Трамп и влијаеше врз сите негови одлуки. Таблоидите секојдневно објавуваат фотографии од Кушнер и Иванка како влегуваат во луксузната зграда на Трамп на петта авенија во Њујорк.
Приврзаноста меѓу новоизбраниот претседател и неговиот зет Џаред Кушнер започна со почетокот на претседателската кампања. До тогаш, Кушнер оставаше впечаток на симпатичен и мирен дечко кој ја оженил омилената ќерка на Доналд, Иванка Трамп.
Дека Кушнер нема да биде обичен гостин во Белата куќа, беше јасно уште неколку денови по победата, кога кланот на Трамп одговори на повикот на Обама и за прв пат имаше средба помеѓу новоизбраниот претседател на САД и досегашниот претседател Обама. Додека Трамп повеќе од еден час зборуваше со Обама, додека Мишел и објаснуваше на Меланија како се одржува претседателската градина во Белата куќа, Кушнер беше во друштво на шефот на кабинет на Обама, со кој шеташе во Белата куќа.
Новоизбраниот претседател чија инагурација е на 20 јануари, за висок советник на Белата куќа за трговија и за Блискиот Исток ќе го именува токму својот зет Џаред Кушнер, соопштија денес американските функционери задолжени за транзицијата на власта, додека група демократи повикуваат да се преиспита неговата одлука, истакнувајќи ги како причини непотизмот и конфликтот на интереси, земајќи го предвид фактот за нивната семејна поврзаност.
Трамп вчера, при објавувањето на одлуката, кажа дека Кушнер „бил исклучително вреден советник од доверба во текот на кампањата и транзицијата“.
Неговата сопруга Иванка Трамп нема да добие функција во Белата куќа и ќе остане да се грижи за семејството и нивните три деца во Вашингтон.
.